Судски преводи

Судските преводи се преводи со заверка од страна на овластен судски преведувач. Преводите кои се подготвени од страна на овластен судски преведувач имаат заверка дека се содржински еднакви на со записот во оригиналниот јазик, поради што можат да се користат во сите судски и други јавни постапки. Судскиот преведувач гарантира дека преводот е правилен и подготвен по највисоките стручни стандарди.

Судските преводи ги врши Никола Ристески, унив. дипл. инжинер по компјутерски науки и информатика, судски преведувач за македонски јазик именуван од страна на Министерството за правда на Република Словенија.

Именикот на судски преведувачи во Словенија е достапен на страната на Министерството за правда на Република Словенија.