Често поставени прашања

Не сум во Марибор. Како можам да ви го доставам документот за превод?

Ако не можете да дојдете во Марибор, испратете ми слики од документите кои сакате да ги преведете.
Сликите нека бидат:

  • со што подобар квалитет
  • текстот нека биде читлив на сликите
  • документот треба да е сликан целосно (заедно со задната страна на документите, ако таму има содржина)

По прегледот на документите ќе оценам колку би чинел преводот, за тоа ќе ве известам и ќе ви испратам профактура или линк за плаќање со картичка преку интернет.

Документите за превод испратете ми ги на адресата:

Nikola Risteski
Antoličičeva ulica 18
2000 Maribor

По приемот на потврдата за уплатата ќе ви ги испратам преводите на вашата адреса.

Дали може да преведете дигитална верзија на документ?

Можам да подготвам дигитална верзија и електронски да ја потпишам.

Дали ќе можете да го употребете таквиот документ зависи од органот, каде што ќе го употребите документот – дали работат електронски и дали очекуваат дигитална или хартиена верзија на документот.

Како можам да платам преку интернет?

Може да платите преку трансакциска сметка или со картичка преку интернет.

Во случај на плаќање на трансакциска сметка, ќе ви испратам профактура, која може да ја платите преку е-банка или со уплатница на пошта или на банка.

За плаќање со картичка ќе ви испратам линк за плаќање во висина на договорениот износ преку безбедниот систем SumUp, ќе може да платите со платежна или кредитна картичка (Mastercard, Visa, American Express).

Дали мора да го преведам оригиналот или може да преведам копија?

Тоа зависи од тоа што треба да дадете кај органот односно што органот бара од вас. За некои документи (нпр. дипломи, свидетелства) се препорачува оригиналот да ви остане за понатамошно користење, затоа веројатно би било добро да подготвите заверени копии.